Македонија вчера запиша пораз на натпреварот против Шпанија, а денес не очекува клучниот натпревар против Исланд.
Капитенот Кире Лазаров на теренот помина 35 минути, потоа тој како и останатите првотимци доби одмор пред денешниот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот, Лазаров порача дека ако нешто е добро во овој пораз е тоа што натпреварот го изгубиле на стартот од вториот дел, па добиле прилика за одмор.
„Не калкулиравме, влеговме со желба за победа како и што кажав, одигравме квалитетно прво полувреме. Требаше да водиме и со 3-4 разлика, сепак шансите кои ги имавме не ги искористивме. Во вториот дел се случи тоа што се случи, а времето ќе покаже дали било за добро или лошо. Натпреварот со Исланд за нас е финале, ако нешто е добро е тоа што ја задржавме свежината. Можеше да се случи да се надигруваме 59 минути па да изгубиме.Сега треба да го заборавиме ова и максимално да се спремиме за клучниот натпревар“, изјави Лазаров.
Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра денес во 18:00 часот.