Maкедонија вечерва славеше победа против Турција од 31:27, но со играта премногу и не воодушевивме, а од тоа како се претставивме не беше задоволен ниту капитенот Кире Лазаров.
Капитенот на нашата селекција потенцираше дека со ваква игра немаме шанси на Мундијалот кој се наближува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Победата е најважна, но ова беше еден од нашите најслаби натпревари во последните десет години. Одигравме слабо и без почит кон публиката во Битола. Како капитен сакам да испратам извинување до сите кои не успеаа да влезат во салата. Навистина заслужија да одиграме подобро и им се заблагодарувам за големата поддршка“.
„Мораме да размислиме и да работиме со ваква игра немаме што да бараме на претстојниот Мундијал. Знам дека нашиот селектор има што да каже, имам и јас. Мораше да ја искористиме шансата пред преполната сала, победивме, но одигравме слабо и премногу лошо. Пристапот беше најголемата грешка. Игравме против противник кој не играл на големо натпреварување, но во тимот има млади играчи кои токму на вакви натпревари треба да покажат што знаат и да се надоградуваат. Во следниот натпревар против Грција мораме да бидеме далеку посериозни“, изјави Лазаров.