Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров вели дека натпреварот со Чиле ќе биде нашата шанса.
Македонија со два убедливи порази го отвори Мундијалот, но Лазаров им порача на соиграчите да го заборават тоа и да се фокусираат на мечот со Чиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашата главна цел овде е пласман вo втората рунда и пред нас сега е решавачкиот натпревар против Чиле. Тоа е нашата шанса да ја постигнеме целта. Секако дека не сме задоволни од тоа што досега го одигравме, бидејќи претрпевме убедливи порази од Шведска и Египет. Сега треба да смениме нешто во нашите глави и добро да се подготвиме за дуелот со Чиле“, изјави Лазаров.
Македонија утре во 15:30 игра против Чиле и со победа ќе се пласира во следната фаза.
Фото: РФМ