Барселона среде ноќ го потврди враќањрто на Чави кој во клубот се враќа после шест години од заминувањето.
Од моментот кога Куман доби отказ Чави веднаш се истакна како прв фаворит, а сега е завршено. Чави претходните шест години ги помина во катарскиот Ал-Сад каде што прво беше играч, а потоа како тренер одлично го водеше овој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговото доаѓање Барселона ќе плати 2.5 милиони евра, затоа што вториот дел од клазулата која е 5 милиони ќе ја плати самиот Чави. Клубот во иднина преку разни бонуси ќе му ја враќа таа сума.
Реономираната „Марка“ објави дека првиот човек на Ла Лига им порачал на челниците на Барселона дека детално ќе го истражи враќањето на Чави. Тој ќе спроведе истрага поради финансиската ситуацијата на Барселона за да се увери дека се е во границите на финансискиот фер-плеј или има неправилности.