Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер изјави дека е спремен да потпише нов договор со „росонерите“.
32-годишниот Кјаер е еден од најважните играчи во тимот на Пиоли, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката, а Данецот вели дека сака да остане на „Сан Сиро“.
„Се уште не сум блиску до нов договор, но многу сум среќен во Милан. Сакам да продолжам да играм за овој клуб. Милан ја знае мојата позиција и само чекам повик од директорите“, изјави Кјаер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе спремил понуда за нов двегодишен договор.