Фудбалерите на Барселона утре играат во гости против Интер во натпревар од четвртото коло во ЛШ.
Барса пред две недели пред своите навивачи го совлада Интер со 2:0, а сигурно дека и на Меаца утре ќе биде голем фаворит. На овој стадион се враќа Фелипе Кутињо кој токму Интер му беше прв европски клуб, а пред доаѓањето во Барса играше уште за Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кутињо брзо се вклопи во екипата на Барселона, а најмногу е во друштво на Суарез и Меси. Играчите на Барса синоќа се забавувале во кугланата, а во центарот на вниманието бил Кутињо. Суарез објави снимка како Кутињо кугла и јасно е дека тоа не е спорт во кој Бразилецот има вештини како во фудбалот.