Бразилскиот плејмејкер Фелипе Кутињо, поради повреда, ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар.




Според првите прогнози, Кутињо ќе отсуствува најмалку шест недели, па нема да се најде на списокот од 26 играчи што ќе го објави селекторот на Бразил Тите.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
И покрај лошата форма, во која се наоѓа од почетокот на сезоната, Кутињо е еден од фудбалерите во кои бразилскиот селектор има голема доверба и според медиумите тој требаше да биде повикан за Катар.
Бразилецот се повредил на тренингот на Астон Вила, па ќе се врати на терените дури во јануари.