Во ек на Европското првенство, Роналд Куман размислува за новата сезона во која ќе седи на клупата на Барселона.
Куман немаше импресивна прва сезона на клупата на Каталонците, но се чини дека и натаму ужива поддршка од претседателот Лапорта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најголемите желби на Куман по доаѓањето на Камп Ноу беше Мемфис Депај, а тренерот на Барселона за новинарите во Холандија потврди дека крилниот играч на Лион ќе стане член на неговиот тим.
„Се уште не потпишал, но тоа е веќе готова работа. Се е договорено.“, призна Куман, чиј тим ќе добие уште едно големо и бесплатно засилување после двоецот од Сити, Агуеро и Ерик Гарсија.
Уште еден Холанѓанец, Вајналдум, исто така беше блиску до потпис со Барселона, но сепак на крајот играчот се одлучи за ПСЖ.
„Понудата на ПСЖ беше скоро двојно подобра од онаа на Барселона и немаше можност да дојде кај нас, иако претходно беше подготвен да потпише за Барселона. Сепак, понудата од Париз ги смени сите наши планови.“, рече Куман.
Депај во претходните четири ипол години играше за Лион, каде одигра вкупно 178 натпревари и постигна 76 погодоци.