Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, остро ги критикуваше фудбалерите на Баерни порача дека се мрзеливи, по поразот од Баер Леверкузен во Бундеслигата.
Баерн во неделата загуби во Леверкузен од Баер со 1:2, иако поведе во 22. минута со голот на Џошуа Кимих.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Салихамиџиќ изјави дека Баер бил подобар иако во четвртокот одиграле натпревар во Лига Европа.
“Ова не е Баерн Минхен. Ни недостигаше се. Дозволивме да бидеме престигнати од тим кој играше натпревар во четвртокот. Баер беше подобар во сите сегменти. Ретко сум видел толку мала мотивација, желба за победа, малку дуели… Овој тим е толку добар кога го има вистинскиот менталитет од самиот почеток, но не е добар кога игра како сега и кога е мрзлив и мисли дека може да направи сè кога ќе посака. Едноставно не може така, морате во секој натпревар да влегувате максималмно“, изјави тој за „ДАЗН“.
За актуелниот шампион тоа беше трет пораз во првенството со што падна на второто место на табелата со 52 бода, бод помалку од првопласираната Борусија Дортмунд. По репрезентативната пауза, Баерн на 1. април ќе игра против Дортмунд.