Јувентус синоќа на својот стадион без поголеми проблеми стигна до победа од 3:0 против Баер Леверкузен во 2. коло од ЛШ.
Старата дама поведе со голот на Игуаин во првото полувреме, а во второто Бернардески и Роналдо, кој постигна гол пред крајот на натпреварот ја потврди победата на клубот од Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова беше натпревар во кој Португалецот по кој знае кој пат испиша историја во најелитното клупско натпреварување.
Роналдо помина девет години во Реал Мадрид, со кој четири пати ја освои титулата во ЛШ, а со тоа одигра и голем број натпревари и постигна многу голови.
Во натпреварот против германскиот тим Роналдо успеа да го сруши рекордот на Касиљас по бројот на победи во ЛШ со оглед дека стигна до бројот 102, а легендарниот шпански голман остана на бројот 101.
Исто така, Португалецот со погодокот против Леверкузен го изедначи рекордот на Раул, кој погодил против 33 различни клуба, па веројатно многу брзо и овој рекорд ќе биде срушен.
Покрај тоа, тој покрај Меси и Раул стана играчот кој во 14 сезони по ред постигнал барем по еден погодок во ЛШ.