Дома Македонски спорт Кој е најзаслужен што Пандев е тука за Косово?

Кој е најзаслужен што Пандев е тука за Косово?

Сите знаеме со што се соочуваше капитенот Горан Пандев и во каква ситуација беше пред доаѓањето во Скопје за натпреварот против Косово.

Во Џенова имаше дури 22 заразени со коронавирус, а денес Пандев истакна благодарност до луѓето кои помогнале да биде тука, но и откри и дека од некои е разочаран.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Што сум тука најзаслужни се селекторот, секретарот Бојан Марковски ,федерацијата, нашата македонска амбасада во Италија, како и луѓето во мојот клуб. Сите во клубот знаеа што ми значи овој натпревар, затоа и ми помогнаа. Сакам да испратам и порака до некои луѓе кои не испратија ниту порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли на овој натпревар, зафатен беа со градење терени“, порача капитенот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Згаснува идејата за Суперлига: Барселона ќе го напушти проектот!?

Барселона сериозно размислува да се повлече од проектот за Суперлигата, откако односите на…