Тимот на Еурофарм Пелистер стигна до лесна и убедлива победа против Прилеп (41:24).
Од почетокот на средбата битолскиот тим стави до знаење дека нема да има проблеми во овој натпревар. Предноста цело време беше на страната на фаворитот. Одличен настап забележа Ненад Костески кој доби шанса од Бабиќ и ја искористи. На полувремето пелистерци имаа предност од десет гола разлика (12:22).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Второто полувреме донесе измени и испробување на некои тактички варијанти, сепак победата во ниту еден момент не се доведе во прашање. Ненад Костески го заврши мечот со 11 гола и беше најефикасен натпреварот. Во редовите на Прилеп Александар Тренчевски постигна девет гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер