Репрезентацијата на Јужна Кореја е домаќин на Светското првенство во ватерполо во женската конкуренција на кое уриваат негативни рекорди.
Корејките изгубија од Унгарија дури со 0:64, а вкупно примија 94 гола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова беше нивни дебитантски настап, а иако примија толку голови плачеа од среќа кога го постигнаа првиот.
„Тој гол ни значи многу. За нас тој е се. Ние сме пионери во ватерполо“, порачаа Корејките после натпреварот.
Во продолжение погледнете ја нивната реакција после голот кој го постигнаа при резултат 27:0