Дома Фудбал Лига на шампиони Конте: Сакам да ја освоиме Лигата на шампиони, но треба да бидеме реални

Конте: Сакам да ја освоиме Лигата на шампиони, но треба да бидеме реални

Тотенхем утре ќе го пречека Милан во реваншот од осминафиналето на ЛШ и има негатива од еден гол (1:0).

Конте изјави дека неговиот тим ќе мора да одигра одличен меч за да победи со два разлика, бидејќи игра против италијанскиот шампион.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Живееме за вакви моменти затоа што кога притисокот се зголемува, тоа значи дека вашето ниво расте. Не заборавајте дека минатата сезона игравме во Конференциската лига. Оваа сезона играме во Лигата на шампионите. Ја освоивме нашата група и утре имаме можност да го победиме Милан и да одиме во следната фаза. Но, тоа воопшто нема да биде лесно, играме против шампионот на Италија“, изјави Конте.

„Ако ме прашате дали сакам да ја освојам Лигата на шампионите, би рекол да, но да бидеме реални. Мора да одиме натпревар по натпревар. Најпрво мора да научиме како да се справуваме со притисокот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кристал палас го руши сопственикот рекорд: Плаќа 57 милиони евраза напаѓач кој има само еден гол!

По незаборавната мината сезона кога успеаја да се пласираат во Лига Европа (конечно добија…