И понатаму изгледа нема промени кога е Интер во прашање, се чека конечниот состанок на Марота и Конта со претседателот.
Според она што се пишува во медиумите поблиску се до заминување отколку до останување. Интер успеа да обезбеди позајмица од 250 милиони евра од американски фонд, каматата е околу 12% и тоа покажува дека на „Сунинг“ му се потребни пари. Ова нема да биде вложено во нови играчи туку во покривањето на загубите.
Планот останува ист да се разложат долговите, евентуално да се убедат играчите да прифатат помала плата. Конте и Марота ги интересира преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно стратегот на Интер поставил услови да не се продаде никој од клучните играчи, а за оние кои ќе заминат да биде најдена замена. Тој се согласува Видал и Санчез да бидат заменети со играчи со помали плати, но проблем е што двајцата Чилеанци не сакаат да заминат.
Кога е преодниот рок во прашање извесно е дека преодниот рок ќе помине со самофинансирање, односно ќе се потрошат само парите кои можат да се обезбедат со продажба на играчите, плус клубот мора да го намали буџетот за плати.
Ова не делува ветувачки, ако им веруваме на Италијанците Конте е спремен да ги сослуша понудите на другите клубови. Во Интер заработува околу 13 милиони евра по сеозна.