Дома Фудбал Англија Конте: Коста сака да остане во Челзи!

Конте: Коста сака да остане во Челзи!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изјави дека напаѓачот Диего Коста сака да остане на „Стенфорд Бриџ“ и дека ќе биде повикан за мечот со Хал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот Коста го пропушти последниот натпревар против Лестер после конфликтот со тренерот и раководството, а во исто време неколку кинески клубови доставија богати понуди за него.

„Диего е среќен да игра во Челзи, не гледам никаков проблем. Слушнав многу шпекулации за него, но најважно е дека тренираше со тимот оваа недела, дека нема болки и дека може да игра. Тој е многу важен фудбалер за нас и сите го знаеме тоа. Коста е секогаш играч кој сакам да го имам на теренот“, изјави Конте.

Коста наводно постигнал договор со раководството за зголемување на платата и ги одбил понудите од Кина, по што Конте го вратил во првиот тим и ќе игра на следниот меч против Хал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …