Интер сака да засили во зимскиот преоден рок, па неколку играчи веќе се мета на овој клуб.
Нероаѕурите во моментов го делат првото место со Јувентус со 39 освоени бода по 16 одиграни кола во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Антонио Конте е свесен дека му треба засилување во продолжение доколку сака да го освои Скудето со Интер.
Според англиските медиуми, Немања Матиќ е еден од играчите што Конте сака да ги донесе во јануари.
Српскиот фудбалер нема причина да биде задоволен оваа сезона во Манчестер Јунајтед и ова јавно го кажа неколку пати, па дури и имаше средба со Оле Гунар Солскјаер во врска со неговиот статус на тимот.
Матиќ оваа сезона запиша само шест настапи за Јунајтед, па јасно е зошто е несреќен.
Англиски Телеграф пишува дека Интер е спремен во јануари да тргне по Матиќ, кој веќе соработуваше со Конте додека Италијанецот го предводеше Челси.
Inter Milan is considering the possibility of signing Nemanja Matic in January.#MUFC ? pic.twitter.com/0zI5xLYltE
— Manchester United ? (@ManUnited_ENG__) December 16, 2019