Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, кој беше принуден да тренира индивидуално бидејќи не доби виза за САД, наскоро ќе се приклучи на своите соиграчи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го откри самиот Чилеанец во својот профил на социјалните мрежи, а малку подоцна веста беше потврдена официјално и од клубот.
Санчез не доби виза поради 16-месечната условна казна, изречена од шпански суд во февруари поради даночни измами. Проблемот сепак очигледно е решен по интервенцијата на адвокатите на играчот и клубот.
Останатите фудбалери на Јунајтед отпатуваа за САД во неделата. Првата контролна на „црвените ѓаволи“ е против мексиканскиот тим Америка во Лос Анџелес утре наутро, а на 26-ти јули ќе играат против Милан.
Looks like @Alexis_Sanchez will be joining his teammates in ??.
Good News ?? Needs a rock solid pre season ahead of the Season. #AS7 #Sageera ❤️ pic.twitter.com/i91FBWzeNk— Alexis Sanchez (@MysticalAlexis) July 19, 2018