Откако ФФМ го предаде случајот со фудбалерот на Гостивар, Гордијан Христовски на Дисциплинската комисија денес е донесена одлука на лидерот во втората лига да му се одземат три бода, а паричната казна ќе изнесува 1.000 евра.
Христовски настапи на натпреварот против Пехчево во првото коло од пролетниот дел од сезоната. Натпреварот е регистриран со 1:0 исто ткако и што заврши, сепак на клубот ќе му се одзмеат три бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На фудбалерот Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци.
Ваквата одлука значи дека во Втората лига сега добиваме ситуација на три клуба на врвот со ист број на бодови. Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 и ќе водат жестока битка за промоција во најсилната конкуренција.