Aмериканците направија истражување за најдобрите 20 тенисери во историјата, а тоа изгледа смешно затоа што на листата го нема Новак Ѓоковиќ.
Да, добро прочитавте не го сместија Ѓоковиќ во топ 20. Истражувањето го направи магазинот „CEOWORD“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Овој магазин повика група тениски експерти да изберат 20 тенисери и тенисерки кои според нив обележиле еден период во овој спорт, а потоа им дадоа задача на читателите да ги подредат.
Чудно е што тие експерти кои ја правеле листата во групата од 20 тенисери не го сместија Новак Ѓоковиќ.
Федерер, Надал, Сампрас, Лејвер, Граф, Навратилова, Борг, Корт, Еверт, Кинг, Баџ, Агаси, МекИнро, С. Вилијамс, Конорс, Тилден, Емерсон, Лендл, Селеш, Росвел, се тенисерите кои се најдоа на листата.
Зошто Ѓоковиќ не е тука знаат само тие.