Дома Македонски спорт Кои се Македонците на сликата со Коби и како Алфа тимот завршил на 6. место на тоа СП?

Кои се Македонците на сликата со Коби и како Алфа тимот завршил на 6. место на тоа СП?

Денес светот тагува по спортската икона и легенда Коби Брајант.

На социјалните мрежи се појави една фотографија на која Коби во младоста е сликан покрај македонско знаме. Таа фотографија настанала на Светското првенство во стритбол во Франција во 1998 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На тоа Светско првенство Македонија била претставувана од тимот на Алфа 1 од Прилеп и го освои 6. место. Тој резултат бил постигнат во конкуренција на 31 екипа кои играле во 8 групи од по четири екипи. Единствено во групата на Алфа имало три екипи.

Алфа 1 тимот играл во група со домаќинот Франција и претставник на Сингапур.

Во тимот играле: Штипјанецот Марјан Ѓуров, како и Прилепчаните: Менде Папазоски, Алмир Мифтароски и Дарко Спиркоски. Групата ја завршиле како првопласирани благодарение на двете победи. Во осминафиналето слават против унгарски претставник, а во четвртфиналето биле поразени од екипата на СФРЈ која подоцна го освоила турнирот.

По натпреварот зачувана и изјава на Дарко Спиркоски.

„Ако во четвртфиналето ги избегневме Југословените можевме да бидеме и вицешампиони. За популаризација на ова СП придонесе и присуството на играчот на Лејкерси, Коби Брајант“, изјавил Спиркоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…