Дома Фудбал Италија Коефициентите паѓаат, обложувалниците веруваат во трансферот на Модриќ

Коефициентите паѓаат, обложувалниците веруваат во трансферот на Модриќ

Се уште не се смирила еуфоријата поради трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус, а сега уште еден „крал“ би можел да се пресели во Серија А.

Буквално како „бомба“ одекна веста од „Скај Италија“ дека Интер е сериозно заинтересиран за Модриќ и дека започнал преговори за трансфер на Хрватот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако од Мадрид веднаш пристигна демант и „Марка“ категорично демантираше дека Модриќ може да го напушти Реал, сепак обложувалниците веруваат дека трансферот е возможен.

Имено, коефициентот за трансферот на Лука Модриќ во Интер драстично падна во последните неколку часа, од 10.00 на 6.00.

Сепак, ова е нормално обложувалниците да се „заштитат“ со коефциентите кога ќе се појават вакви шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Европски гигант подготвен да плати „солено“ за Страхиња Павловиќ!

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и с…