Дома Фудбал Италија „Кога Пандев дојде во Интер ги дриблаше сите како да се скијачки знаменца“

„Кога Пандев дојде во Интер ги дриблаше сите како да се скијачки знаменца“

Приказната за младинските денови на Горан Пандев во Интер овие денови повторно е актуелна.

Синот на легендата на „нероаѕурите“ Алесандро Алтобели, Матија имаше интервју за „интер-њуз“ и во истото откри интересни детали поврзани со македонскиот капитен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога Пандев пристигнал во Интер бил соиграч со Матија во младинските категории.

„Во таа 2001 година на подготовките дојдоа повеќе странски фудбалери, меѓу нив беа Пандев и Стојков. Низ медиумите се пишуваше дека Интер ќе го избере Стојков, а дека Пандев бил тука само да му прави друштво. Но, само по два тренинзи Пандев ги дриблаше сите како да се скијачки знаменца, технички беше неверојатен. Заедно со Обаефеми Мартинс ни донесе титула во младинскиот шампионат. Стојков кој требаше да биде подобриот не одигра ништо затоа што цело време се повредуваше. Пандев кој не беше планиран за Интер ни донесе „триплета“. Тој е неверојатно момче и е многу скромен. Денес сум среќен што можам да кажам дека сме играле заедно“, изјави Алтобели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…