Манчестер Сити беше поразен синоќа од Тотенхем со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ.
Граѓаните беа подобри во текот на 90 минути игра, но на крајот погодокот на Сон беше пресуден и Тотенхем во реваншот оди со предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Англичаните дојдоа до интересна информација која покажува дека Манчестер Сити не знае за победа кога од првата минута започне со Фабијан Делф.
Граѓаните оваа сезона се поразени на шест натпревари. Дури во пет од првата минута започнал Делф, а единствено не играше во поразот од Њукасл со 2:1.
Делф очигледно носи лоша карма и прилично е чудна одлуката на Гвардиола него да го истрча на теренот, бидејќи оваа сезона не е стандарден и настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања.
Сепак, синоќа успеа проблем на Спарси. Го повреди Хари Кејн и за напаѓачот веројатно сезоната е завршена.