Верувале или не, ножичките на Кристиано Роналдо не се прогласени за најдобар гол во ¼ финалето од Лигата на шампионите.
Најзаслужни за тоа секако се Египќаните и фановите на Мохамед Салах кои успеаа на својот миленик да му го обезбедат првото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фановите на Салах гласаа за својот идол кој заврши пред Кристиано Роналдо иако неговиот погодок објективно е далеку подобар.
На третото место се најде погодокот на Чемберлејн против Манчестер Сити, на четвртото место е голот на Манџукиќ против Реал Мадрид, додека на петата позиција заврши Луис Суарез.
Во продолжение да се потсетиме на ножичките на Кристиано Роналдо.
А сега погледнете го и најубавиот гол во ¼ финалето од Лигата на шампионите…