Дома Македонски спорт Ковид-19…Да не беше денес ќе беше голем ден!

Ковид-19…Да не беше денес ќе беше голем ден!

26 март тебаше да биде важен датум за македонската репрезентација…Денес требаше да го играме историскиот бараж против Косово.

Пандемијата со коронавирусот запре се во Европа, фудбал на „Стариот Континент“ се игра само во Белорусија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес требаше да бидеме сведоци на спектакл на Арената „Тодор Проески“ со оглед на тоа дека цел стадион беше распродаден во рекордно време.

Полуфиналето во Лигата на Нации против Косово кое е и бараж за пласман на Европското првенство беше планирано да се одигра денес на нашиот фудбалски храм. Прво беше одлучено натпреварот да се игра без публика, но потоа УЕФА го одложи овој натпревар. Сега новиот датум е 4. јуни, иако има време сепак никој не може да каже дека сигурно натпреварот ќе се одигра и тогаш. Се зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со вирусот.

Одлуката за одложување на натпреварот беше потврдена откако УЕФА го одложи Европското првенство кое требаше да се игра летово од 12. јуни до 12. јули.

Каков само ден ќе беше денес, „Арената“ ќе ечеше и ќе верувавме во победа и доаѓање чекор поблиску до историски пласман на Европското првенство.

Сега ни останува да се надеваме дека се побрзо ќе се заврши и ќе се вратиме на нормалниот живот, па да го дочекаме 4. јуни без никакви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Меси го потврди враќањето во Барселона: Имав среќа!

Лионел Меси во минатото изјави дека ако некогаш замине од Барселона тоа нема да биде по не…