Дома Фудбал Англија Клоп: Само малку подобри да бевме ќе победевме

Клоп: Само малку подобри да бевме ќе победевме

Манчестер Јунајтед вчера успеа да слави во дербито против Ливерпул, а Јирген Клоп смета дека неговиот тим не бил далеку од победата.

За Јунајтед тоа беше првата победа сезонава после двата порази, додека Ливерпул се уште е без победа. Клоп смета дека неговиот тим не бил далеку да слави во вчерашното дерби.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Навистина беа поагресивни на почетокот и јасно беше што ќе се случи. Прво ја погодија стативата, потоа постигнаа гол. После примениот гол ние започнавме да играме онака како што сакаме. Во неколку ситуации немавме среќа, посебно при прекините. Не знам како таа една топка не влезе, ќе беше многу поинаку ако на полувреме беше 1:1“.

„Ако бевме малку подобри и имавме поголема верба ќе победевме. Знам дека ви е чудно, но јас така го гледам натпреварот“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спас во последен момент: Алегри инсистира на Рабио

Масимилијано Алегри беше многу незадоволен по поразот од Кременезе во Серија А и отворено …