После натпреварот на Ливерпул од Лига Купот Јирген Клоп зборуваше за ситуацијата во Украина која е главна тема и во спортот овие денови.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од сите страни пристигнуваат санкции за Русија, а критики за Владимир Путин испрати и Јирген Клоп.




„Не можев ниту да замислам дека такво нешто може да се случи. Имам 54 години не разбирам како еден човек може да го донесе светот во ваква ситуација. Низ кариерата запознав многу одлични Украинци и Руси, очигледно е дека не станува збор за луѓето, туку за војна на еден лош човек. Ова се моменти во кои мораме да покажеме солидарност, моите поранешни играчи се во војна, не знам дали сега се дома. Можеби не можеме да го запреме Путин, но можеме да му направи повеќе проблеми отколку што очекуваше“, изјави Клоп.




Ќе потсетиме Ливерпул славеше во финалето против Челзи со 11:10 после подоброто изведување на пенали. Единствениот кој промаши кај Челзи беше голманот Кепа.