Веќе официјално стана јасно дека Масимилиано Алегри нема да ги води „бјанконерите“ следната сезона, па раководството ја започна потрагата по негов заменик.
Фановите очекуваа етаблирано тренерско име, први мети на раководството беа Гвардиола и Клоп, не обидот заврши без успех.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, англиските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ испратила официјални понуди до тренерите на Ливерпул и Сити, но Клоп и Гвардиола учтиво ги одбиле, па и следната сезона ќе останат во Премиер лигата.
Сепак, последните информации од Италија се дека новиот кормилар на „бјанконерите“ ќе пристигне од Премиер лигата, а станува збор за Маурицио Сари.
Италијанецот сигурно ќе добие отказ од Челзи дури и ако го освои трофејот од Лига Европа, па најверојатно ќе се врати во Серија А.
Раководството на Јувентус е во интензивни преговори со неговите менаџери, па Маурицио Сари во моментов е во пол-позиција за клупата на „бјанконерите“.
⚠️ ULTIM’ORA#Juventus, passi avanti per l’arrivo di Maurizio #Sarri#Sportitalia pic.twitter.com/L29ZMe0PW2
— Sportitalia (@tvdellosport) May 20, 2019