Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим мора да биде подобар во завршницата.
Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите, Ливерпул ремизираше 1:1 во Москва против Спартак, иако доминираа и создаваа шанси во текот на целиот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мораме да бидеме подобри во завршницата, тоа е нашиот проблем во овој момент“, изјави Клоп после ремито.
Клоп не сакаше премногу да ги критикува фудбалерите, па така ги пофали своите избраници за вложениот напор и енергијата во овој натпревар.
„Ова беше луд натпревар. Креиравме многу шанси, но кога нема да победите, тогаш тоа е просечен натпревар. Момците беа одлични, дадоа се од себе, но сепак не успеавме“, изјави Клоп.
Ливерпул во групата Е во која се наоѓаат уште Спартак Москва, Севиља и Марибор има два освоени бодови после исто толку натпревари.