Jирген Клоп го избра голот на поранешната нигериска ѕвезда Џеј-Џеј Окоча против Каарлуше во сезоната 1992/1993 како најдобар во историјата на Бундеслигата.
Окоча тогаш играше за Ајнтрахт, а голот го постигна откако во шеснаесетникот ја издрбила цела одбрана на Карлуше и си поигра со Оливер Кан пред да ја испрати топката во мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Окоча тогаш го постигна најдобриот гол во германскиот фудбал. Кан и неговата одбрана паѓаа по тревата пред тој да ја испрат топката во мрежата“; се потсети Клоп.
Тој гол на Окоча тогаш многу фудбалски списанија го прогласија за гол на сезоната, а сега Клоп му даде уште поголема вредност.