Поранешниот судија Марк Клатенбург призна дека намерно досудил пенал за Атлетико Мадрид против Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони во 2016 година.
Клатенбург веќе во неколку наврати самиот призна дека голот на Серхио Рамос во финалето меѓу Реал и Атлетико бил постигнат од офсајд, но сега призна дека како компензација им досудил пенал на „јорганџиите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Фаулот на Пепе врз Торес беше можност да компензирам, беше 50-50, можеше и да не се досуди пенал, но одлучив да досудам за да ја компензирам грешката од голот на Рамос“, призна Клатенбург.
„После тоа, Гризман шутна и не погоди, а јас си го помислив следното: Ова е перфектен ден за еден судија. До ден денеска ќе ме обвинуваа мене, но сега не можат бидејќи Гризман имаше своја шанса со пеналот“, додаде англискиот судија.