Крилиниот напаѓач на Милан има откупна клазула која изнесува 38 милиони евра. Меѓутоа истата е и временски ограничена.
Сите клубови кои се надвор од Италија би можеле да го добијат Сусо за оваа сума, а доколку тој прифати Милан не би можел ништо да направи, но оваа клазула важи уште неколку часа, до вечерва на полноќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Медијасет“ претходно пишуваше дека интерес за овој фудбалер покажале Челзи и Милан, но посериозни контакти засега немало.
Доколку никој од странските клубови не го купи Сусо вечерва до полноќ, од утре ќе мора да преговараат само со Милан, а „росонерите“ би можеле да одредат сума по нивна желба.
Сусо во Милан пристигна во јануари 2015 година и неговиот има договор со „росонерите“ до 2022 година.