Ник Кирјос очигледно баш и не го следи многу спортот кој го игра и изјави дека Пабло Карењо Бустон не би бил во топ 50 ако не се играло на земја, а Шпанецот имаше спремен одговор изјавувајќи дека на австралискиот колега мора да му е премногу досадно.
Сега како и во 2017 година Карењо играше полуфинале на УС Опен, а три од своите четири досегашни титули 29 годишниот Шпанец ги освои на тврда подлога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мора да му е прилично досадно…Кога ќе се врати на турнирите ќе зборуваме за него. Во меѓувреме…Па, ништо нека продолжи да твита од дома“, изјави Карењо.