Дома Останати Тенис Кирјос застана во одбрана на Ѓоковиќ: Па што!?

Кирјос застана во одбрана на Ѓоковиќ: Па што!?

Mногу често што и да направи Ѓоковиќ на теренот се појавува негативен коментар, така беше со неговиот потег на УС Опен во мечот против младиот Шелтон кога ја ископира неговата прослава.

Таткото на Шелтон го оцени тој потег на Ѓоковиќ како исмејување на неговиот син.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сакаше да го исмејува мојот син, не го направи тоа само за да ја копира неговата прослава. Сакаше да го понижи. Штета што шампион како него така се однесува“, изјави Брајан Шелтон.

Сега во одбрана на Ѓоковиќ застана Ник Кирјос.

„Па што?! Спортот е забава. Ние не сме роботи. Повеќе луѓе зборуваа за прославата отколку за самиот меч“, објави Австралиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз за прв пат загуби оваа сезона, по 16 победи и …