Дома Македонски спорт Кинезите тврдат: Трансферот на Адеми е завршена работа, потпишува до 2026 година

Кинезите тврдат: Трансферот на Адеми е завршена работа, потпишува до 2026 година

Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се сели во кинескиот прволигаш Пекинг Гуан.

Медиумите од оваа земја тврдат дека договорени се сите детали, а Гуан ги решил проблемите со неисплатени плати кон фудбалерите и сега може да доведе нови играчи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Во претходниот период Гуан ги решаваше проблемите со заостанати плати и спорови со странски играчи. Актуелна беше забрана за носење играчи, но откако се е завршено таа забрана ќе биде тргната и ќе пристигне 32-годишниот капитен на Динамо Загреб“, објавија медиумите.

Најавите се дека Адеми со кинескиот клуб ќе потпише договор до 2026 година. За очекување е трансферот да се реализира затоа што претходно слични беа најавите и од Хрватска.

За Динамо, Адеми игра од 2010 година кога пристигна од Шибеник, кратко беше позајмен во Лкомотива. Во дресот на „модрите“ одигра 358 натпревари, постигна 41 гол и подели 30 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…