Манчестер Јунајтед на своите навивачи им приреди ново разочарување откако дома „црвените ѓаволи“ беа поразени со минимални 0:1 од Арсенал.
Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рој Кин кој денес работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“ посебно го критикуваше Едисон Кавани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го гледав на загревањето и се запрашав…Кавани не ја помести ниту ногата, не се ни загреваше зарем не?“, се запраша Кејн.
„Потоа влегува како замена и од него се очекува да ја врати екипата во игра. Оле му зборуваше дека треба да ја забрза играта, но некогаш е и до играчот. Солскјер ќе добие отказ, ќе ја напушти оваа група“, смета Кин.
Јунајтед на „Олд Трафорд“ оваа сезона веќе изгуби три натпревари (Кристал Палас, Тотенхем и Арсенал) додека против Челзи беше 0:0.