Капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Киелини со респект зборуваше за македонската репрезентација пред утрешниот дуел во баражот за Светското првенство.
Киелини меѓу другото изјави дека е спремен да игра и повика на сконцентрираност бидејќи Македонија не е случајно во баражот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мора да играме со почит, бидејќи фудбалерите на Македонија се добро познати во своите клубови. Треба само да бидеме свои, да го играме нашиот фудбал и да го правиме тоа смирено. Треба да ги контролираме емоциите, бидејќи пред четири години доживеавме големо разочарување“, изјави Киелини.
„Добро сум, тренирав добро и среќен сум што сум тука. Имаме уште еден тренинг, селекторот ќе го направи својот избор, но јас сум на располагање“, додаде Киелини.