Денес е веќе трет ден од Мундијалот во Катар, домаќинот тврди дека се е во најдобар ред и дека трибините се полни, но изгледа дека не е баш така.
Холандија вчера го победи Сенегал со два гола во финишот, натпреварот се играше во Доха на стадионот „Ал Тумама“ кој има капацитет од 40.000 гледачи. Официјалниот спикер на натпреварот соопшти дека на трибините имало дури 41.721 гледачи, меѓутоа изгледа не е така.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од овој натпревар беа објавени слики по натпреварот на кои може да се видат голем број празни места, па така не е можно да имало повеќе од дозволениот капацитет.
⚽ Le speaker du stade vient d'annoncer une affluence de 41 721 spectateurs. La capacité du Al Thumama Stadium et de 40 000 places. Et des sièges sont vides… Quelle prouesse ! #Qatar2022 #coupedumonde2022 #SENNED pic.twitter.com/zD6qjPW8FR
— Titouan Laurent (@Titouanlrt) November 21, 2022
Исто така, „Марка“ објави видео на кое може да се види дека по почетокот на натпреварот вратите на стадионот биле отворени и можело да се влезе и без билет.
😱🇸🇳🆚🇳🇱 MARCA lo ha comprobado: Puertas abiertas en el #Senegal–#PaísesBajos… ¡se pudo acceder sin entrada! #Qatar2022 pic.twitter.com/pEkgmbem59
— MARCA (@marca) November 21, 2022