Дома Фудбал Останато Касиљас го продолжи договорот со Порто и откри каде сака да ја заврши кариерата

Касиљас го продолжи договорот со Порто и откри каде сака да ја заврши кариерата

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас потпиша нов договор со Порто.

Претходниот договор со Порто важеше до крајот на сезоната, а со оглед дека ниту едната, ниту другата страна не ја криеја желбата за продолжување на соработката, овој расплет беше и очекуван. Иако на официјалниот сајт на Порто не е објавено на колку години е продолжена соработката, јасно е дека Касиљас во дресот на „Змејовите“ ќе брани и следната сезона.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Кога дојдов тука, многумина мислеа дека ќе останам година или две и потоа ќе завршам. Имам само зборови за благодарност за овој клуб, не само за клубот туку и за целиот град. Сакам да ја завршам кариерата тука, да ги претставам вредностите на овој клуб и вредноста на неговите играчи“, изјави Касиљас откако што стави потпис на новиот договор.

Касиљас за Порто брани од 2015. година кога пристигна од Реал, стана најплатениот играч во екипата, а за португалскиот клуб до сега запиша речиси 150 официјални настапи. Шпанскиот голман е еден од ретките играчи кои го освои речиси секој трофеј кој постои во фудбалот. Со Реал освои пет титули шампион на Шпанија, два купа, четири Супер купа, три Лиги на Шампиони, два европски супер купа…, додека со Шпанија освои Европско првентво 2008. и 2012. година, и Светско првенство 2010. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…