Еден од најдобрите играчи на селекцијата на Хрватска, Игор Карачиќ, пред почетокот на Европскиот шампионат во неговата Хрватска, и дуелот со Србија, вели дека то и и неговите „каубојци“ се подготвени да ги бранат „орлите“ си свотие тела, секако во случај да дојде до некој инцидент за време на натпреварот.
„Сигурно би постапил така. Ние сите сме спортисти, а би очекувал слична реакција и ситуацијата да е спротивна. Ние заедно го делиме лебот по клубовите и ако дојде до нешто такво дефинитивно би си помогнале. Но, не веруватм дека вакво нешто би се случило во Хрватска иако сме подготвени да застанеме пред нив и да ги заштитиме дури и по цена и самите да добиеме по некој удар. Меѓу играчите нема да има некаков посебен набој, едноставно премногу добро се познаваме. Не можеме да им кажеме на навивачите како да се однесуваат, но мислам дека нема да има инциденти иако постојат и малку поекстремни групи кои може да се најдат на трибините“, вели Карачиќ.