Дома Фудбал Англија Карагер удри по Погба: Тој е срам за Јунајтед, треба да го избркаат

Карагер удри по Погба: Тој е срам за Јунајтед, треба да го избркаат

Легендарниот англиски дефанзивец, Џејми Карагер денес работи како стручен коментатот и не штедеше зборови во критиките кон Пол Погба.

Карагер смета дека Погба е срам за Јунајтед и дека клубот од „Олд Трафорд“ треба што е можно побрзо да се ослободи од него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Менаџерот на Погба, Мино Раиола кажа дека неговиот агент завршил со Јунајтед. Погба не е задоволен со неговиот статус во клубот и во следниот преоден рок најверојатно ќе си замине.

„Ослободете се од него, ви го зборувам тоа веќе 12 месеци. Тој е преценет фудбалер. Мислам дека ова е срамота. Менаџерите во денешно време не се само менаџери, тие се родители, најдобри пријатели, финансиски советници… Тие двајца имаат токму таков однос. Тој е најдобриот пријател на Погба, што значи дека Погба многу добро знае какви изјави Раиола може да даде во јавноста. Доколку тоа не е така, сега треба да му даде отказ на Раиола“, смета Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…