Ракометкиот клуб Пари Сен Жермен на завршниот турнир во Келн нема да може да смета на пикерот Лука Карабатиќ, кој поради повреда нема да настапи  на натпреварот против Нант.

Ракометарот се повреди на првиот четвртфинален дуел против Киелце, а оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Звонимир Сердарушиќ соопшти дека се уште трае рехабилитацијата на Лука Карабатиќ и дека е премногу рано за негово враќање на теренот.

За разлика од него, десното крило Лук Абало се очекува да биде подготвен за завршниот турнир, иако пред десетина дена ја повреди тетивата.

ПСЖ и Нант ќе го отворат завршниот турнир со натпреварот од 15:15 часот, додека Вардар и Монпелје ќе го играат вториот натпревар со почеток во 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонските млади ракометари ги добија ривалите во борбата за пласман на ЕП 2026

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите…