Капитенот на тимот до 16 години на Барселона, Марк Хурадо потврди денес дека го напушта клубот.
Шпанските медиуми се сигурни дека талентот кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед и дека веќе има договор со „црвените ѓаволи“.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
„Никогаш не е лесно да напуштиш клуб кој ти дал се. Барселона е мојот втор дом и моето второ семејство. Денес е време да кажам збогум, но сакам да им заблагодарам на сите кои ми помогнаа од 2011 година до денес“, напишта Хурадо на Инстаграм.
Десниот бек се смета за еден од најголемите таленти во школата на Барселона и Каталонците сакаа да го задржат на истиот начин како и неговиот соиграч Ансу Фати.
Манчестер Јунајтед успеа да го убеди талентот да се пресели на „Олд Трафорд“ и ќе и плати на Барселона 200.000 евра како компензација.
Marc Jurado has announced his departure from FC Barcelona. He will join the #MUFC Academy where he will play with the U18s. [IG] pic.twitter.com/LY4x2vCKmw
— United Zone (@ManUnitedZone_) June 29, 2020