Милан го има еден од најлошите стартови во својатан историја и синоќа го запиша четвртиот пораз после само шест одиграни кола.
Тоа на „росонерите“ им се случило само еднаш и тоа во далечната 1938 година, па ситуацијата на „Сан Сиро“ е алармантна.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Синоќа после дебаклот против Фиорентина навивачите почнаа да протестираат, па се очекуваше дека раководството ќе му врачи отказ на тренерот Џанмпаоло.
Меѓутоа, раководството му даде доверба на тренерот, а и капитенот Алесио Ромањоли јавно испрати поддршка до Џампаоло.
„Во вакви моменти нема што да се каже. Единствено треба да продолжиме да бидеме сплотени како колектив и заедно да ги решиме проблемите. Јасно е дека треба да ги подобриме резултатите, но и играта. Сите цврсто стоиме зад тренерот Џампаоло“, истакна Ромањоли.
Милан во сабота и гостува на Џенова и доколку не ги освои трите бода, тогаш готово сигурно Џампаоло ќе добие отказ.