Статусот на Кристијано Роналдо во португалската репрезентација почна да опаѓа на Светското првенство во Катар, кога беше клупата на првиот елиминациски натпревар.
Смената на тренерот го врати Роналдо во стартниот состав, но факт е дека тој не е истиот од порано, иако во Саудиска Арабија игра сосема солидно за играч во негови години. Незамисливо беше порано некој од португалската репрезентација да го „омаловажи“ влијанието на Роналдо, а сега тоа го направи Жоао Кансело.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роналдо е важен играч, кој помина 15 години борејќи се со Меси за Златната топка. Но, врвот во кариерата на секој играч е помеѓу 25 и 32 години. Не зависиме од него“, изјави Кансело.
Бекот на Барселона зборуваше и за односот со Пеп Гвардиола, кој, како што се тврди го принудил да го напушти Сити.
„Имаше работи за кои се договоривме и работи за кои не се согласувавме, се дојде до ситуација да морам да заминам за да играм. Но, не чувствувам никаква горчина кога е во прашање Пеп, напротив, за се му сум благодарен. Многу сум среќен тука“.
Засега не е сигурно дека ќе остане во Барселона и по истекот на позајмицата.
„Во моментов не знам ништо, но се надевам дека ќе останам и ќе направам се што е во моја моќ тоа да се случи. Би сакал во иднина да играм за Бенфика, но пред тоа да поминам уште две или три сезони во Барселона. Многу сум среќен што сум тука, иако имаме некои финансиски проблеми“, изјави Кансело.