Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски забележа нов скок на АТП листата.
Калин вчера се повреди и го предаде финалето на третиот турнир во Монастир, Тунис. Со пласманот во финалето Ивановски направи скок од десет места. Од денес тој е 494. тенисер на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Ивановски е ова е прв пласман под 500-тото место на листата.
На врвот Новак Ѓоковиќ е само на една недела од историја. Денес српскиот ас ја започнува 367. недела како најдобар тенисер во светот и следната недела ќе го изедначи рекордот на Штефи Граф која е апсолутен рекорд во неделите поминати на врвот.
Зад Новак следуваат: Карлос Алкараз, па Стефаноц Циципас, Руд, Рубљев, Надал…