Фудбалерите на Нигерија им приредија на своите навивачи вистински шок во квалификациите за афричкиот Куп на Нации против Сијера Леоне.
Нигерија како голем фаворит влезе во овој натпревар. Така и тргнаа и веќе после половина час имаа предност од 4:0.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Никој тогаш не помислуваше дека Нигерија нема да го победи аутсајдерот во овој дуел, но токму тоа се случи. Противниците во финишот на првото полувреме постигна гол за 4:1, а вистинско лудило следуваше во самиот финиш. Во 72. минута Сијера Леона дојде до гол за 4:2, а потоа во 80. и 86. минута постигнаа уште два гола за конечни 4:4.