Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо изненади со својата одлука во самиот финиш од преодниот рок да го напушти Јувентус.
Роналдо во Јувентус пристигна летото 2018 година од Реал Мадрид и имаше договор уште една година и се очекуваше да остане во Јувентус кога веќе сезоната започна, иако во текот на летото имаше шпекулации за неговата иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со својата одлука која ја донел на неколку дена пред крајот на преодниот рок Роналдо ги изненадил луѓето во клубот.
За таа ситуација сега во медиумите зборуваше директорот на Јувентус, Федерико Черубини.
„Не изненади затоа што не очекувавме да замине кога веќе сезоната започна. Побара состанок и ни кажа дека веднаш сака да замине, не можевме да го спречиме“, изјави Черубинми.
Јувентус немаше многу време да бара негова замена, пристигна Моис Кин од Евертон.
„Го доведовме Кин од Евертон, но сакам да кажам дека тој не е замена за Роналдо, туку дел од новиот проект на клубот со кој сакаме да освојуваме трофеи“, заклучи Черубини.