Кристиано Роналдо е петкратен освојувач на Златната топка и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Роналдо на почетокот на кариерата бил блиску да премине во Малага.
Роналдо големиот талент го покажуваше уште како тинејџер и многумина го забележаа на Европското првенство за кадети кое во 2002 година се играше во Санска. Шпанска Малага на тоа првенство испратила свои скаути, меѓу кои бил и Карлос Ринкон. Во тоа време Ринкон уживал голема доверба од претседателот на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристиано уште како млад ги покажуваше квалитетите кои ги има денес. Беше играч со одлична физичка сила и спектакуларен удар…Во тоа време уживав голема доверба од претседателот и се што го советував го прифаќаше. Ми беше кажано да одам на големите турнири во Европа, Америка, Јужна Африка…Морав секогаш да стапам во контакт со тројцата најдобри играчи на турнриот. Кога се заврши Европското првенство за играчи до 17 години во Данска ги имав броевите. Тогаш ги гледав на телевизија, не бев во живо на натпреварите“.
„Следната недела воспоставивме контакт со играчите и нивните семејства за да се запознаеме со нивните агенти. Во таа приказна беше и Кристиано Роналдо. Во тоа време уште немаше дебитирано за Спортинг, ние преку Жорге Мендеш испративме понуда. Тогаш понудивме 1.5 милион евра, но Спортинг бараше 3.5. Ние не преговаравме повеќе бидејќи немавме намера да понудиме повеќе. Таква беше ситуацијата што не можевме да понудиме повеќе“, изјави Ринкон.